На светското клубско првенсво во одбојка кое се одржа од четврти до девети декември во Кина, третото место го освои Езаџибаши од Истамбул кои играа против Праја Клуб од Бразил.
Турчинките победија со резултат 3-0 (25-16, 25-18, 25-19). Најдобра на овој натпревар беше Годзје Јилмаз со 17 поени, додека пак србинката Тијана Бошковиќ воопшто не се играше на овој натпревар.

За злато се бореа девојките од Вакиф Банк од Турција и девојките од Минас Тенис Клуб од Бразил. На крајот златото заслужено заврши заврши кај Вакиф Банк кои победија со резултат 3-0 (25-23, 25-21, 25-19) а најголема заслуга имаше кинеската ѕвезда Жу Тинг која постигна 21 поен.