Во групната фаза на Европското првенство за жени денеска се одржаа четири натправари. Во дуелот помеѓу Унгарија и Германија подобра беше селекцијата на Унгарија со резултат 26-25 додека пресметката помеѓу Шведска и Франција заврши нерешено 21-21
Во останатите две пресметки Холандија победи против Романија со пет гола разлика 29-24 и покрај тоа што на полувремето разликата беше само еден гол 11-10 за Холандија. Во вториот натпревар Србија загуби од Русија со 25-29
За утре се предвидени два натпревари од првата група каде Данска ќе им биде домакин на Русија, а Србија ќе игра против Црна Гора.