Додека сите со нетрпение го очекуваат утрешното финале помеѓу Русија и Франција на Европското првенсво во ракомет. Организаторите во Парис го искористија слободниот ден за ждребот за плејоф фазата за Светското првенство кое ќе се игра во Кумамото, Јапонија од 30 ноември до 15 декември 2019
Репрезентацијата на Македонија на предквалификациите кои се одржаа во Скопје се пласираше со три победи од три натпревари и во овој ждреб беше сместена во вториот шешир.

Ова се натпреварите во плајоф фазата:
Хрватска – Германија
Данска – Швајцарија
Шведска – Словачка
Белорусија – Норвешка
Србија – Полска
Чешка – Црна Гора
Македонија – Словенија
Австрија – Унгарија
Шпанија – Исланд