Вчера за прв пат во Македонија имавме вечер за жени во спортот, настан организиран од НВО ТАКТ. Организација која се стреми за поголема вклученост и еднаквост на жените во спортот, основана од Силвија Митревска и Магдалена Спасовска.

На почетокот од овој настан се обрати претседателска Силвија Митревска велејќи „Дека жената спортистка игра важна улога во општеството и претставува еден позитивен пример за младите генерации на девојки и токму од таму потекна и самата и идеја за организација на овој настан. Сакаме да им пружиме поддршка, промоција и медиумска видливост, на жената спортистка и на жените кои работат во спортскиот сектор. Се со цел да инспирираат што поголем број на девојки да спортуваат.“
Беа доделени награди во 13 категории, а изборот е направен од пет членото жири составено од жени кои се дел од спортот. Претседателка на оваа комисија е Гордана Нацева која заедно со Биљана Богоевска Петушева, Мина Идризи, Елена Зисовска и Жаклина Стојановска го направија следниот избор.
За најнадежна млада спортистка е одбрана Ана Марија Ѓоргиевска која се натпреварува во тајквондо. За најдобра спортска новинарка наградата ја доби Ирена Андреевска од МТВ, а истата и беше доделена од Златко Калински. Во категоријата најуспешна спортска менаџерка победи генералниот секретар на Кошаркарската федерација Моника Гавриловска.
Во категоријата најдобар судија беа одбрани ракометните судики Марија Илиева и Силвана Карбеска, а за најдобар тренер Јулија Црвенковска од женскиот ракометниот клуб Металург.
На настанот се обрати и директорката на организацијата Магдалена Спасовска која им се заблагодари на присутните што ја подржуваат мисијата на ТАКТ, истакна дека спортот не е само машка работа и воедно додаде „ Работата на ТАКТ е токму во пружање на шанса за младите и девојките без привилегии за избор, за моќ, за самодоверба и одлучност кој ќе им го подобрат квалитетот на животот. Спортот за нас е моќно сретсво за промени во заедницата за подигнување единство вклученост и лидерство“
Настанот продолжи со доделување награди, за најдобар женски тим беше прогласен ЖРК Вардар. А за спортистка која се натпреварува во колективен спорт наградата ја доби ракометарката Сара Ристовска. Во индивидуален спорт наградата ја зама Ангела Мојсовска во карате, спортистка со инвалидитет која била најуспешна во 2018 година е Оливера Наковска Бикова. Наградата за организација за позитивни општествени промени преку спортот ја освои Специјалната олимпијада.Ленче Ангеловска Величковска ја освои наградата за придонес за родова еднаквост.

Микаела Швајцер- Блум заменик шефот на амбасадата на САД ја имаше честта да ја додели наградата за животно дело која ја доби Стојна Вангеловска од кошаркарската федерација. На крајот од овој настан беше прогласена и најдобрата спортистка за 2018 а тоа е нашата фудбалерка Наташа Андонова, која поради професионалниот ангажман во Барселона не можеше да ја подигне наградата, па тоа го стори нејзиниот татко, кој им се обрати на присутните „Јас и соптугата сме многу горди родители и токму поради тоа подржете ги вашите ќерки во спортот за да можете и вие да го осетите ова чувство“

Настанот беше поддржан и од Стејт департментот на САД и амбасадата на кралството Шведска, а меѓу присутните беше и министерот за финансии Драган Тевдовски.