Соопштение за јавноста

Почитувани љубители на женскиот спорт.

Блогот Женски Спорт е основан со една единствена цел, промоција и афирмација на женскиот спорт. Сметам дека во медиумите не им се дава доволно простор на дамите кои напорно работат и вложуваат во своите спортски кариери.

Како девојка на која и била скратена желбата професионално да се занимава со кошарка. Поради тоа што во тој период голем дел од женските клубови се затвораа, а останатите имаа премногу девојчиња. Неминовно следеше одлуката за повлекување од теренот. Исто како и на многу девојки кои за разлика од мене имале прилика да стигнат и до националниот дрес.

Токму поради тоа мојата мисија беше и се уште е да им помогнам на сите млади девојки нивниот сон да не згасне. Дипломирав Односи со јавноста и Корпоративни комуникации, каде тема на мојата дипломска работа беше промоција и афирмација на женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862. Во моментов завршувам Специјализација по Спортски менаџмент (во Србија) соработувам со Македонската кошаркарска федерација кога се организираат Европски првенства за момчиња и девојчиња во девизија Б. Неодамна соработував и со Ракометната федерација на Македонија. Имав чест да бидам дел и од мемориалниот турнир FICBALL каде гостуваа екипи  како Барселона,Партизан и Фенербахче. Круната на сето ова искуство е наградата на граѓански новинар за текстот „Што знае женско што е спорт?“ кој привлече најголема публика на Женски Спорт.

Целото ова искуство сакав да го насочам кон кошаркарски клуб, но за жал политиката има длабоко навлезено и во сферата на спортот. И оваа желба е скратена. Но во оваа прилика сакам искрено да им заблагодарам на сите луѓе кои ми рекоа „НЕ“. Затоа што нивното „НЕ“ е причина за револт, а револтот кој е присутен кај мене веќе 20 години е причина за создавање на Женски Спорт. Без нивното „НЕ“ Женски Спорт немаше да постои, па тому поради тоа, ви благодарм.

Спортскиот дух во мене вели нема откажување и затоа сега Женски Спорт има мисија. Да се пробие во медиумскиот простр. Токму поради тоа потребна ми е вашата помош. Помогнете ми, за да ви помогнам. Испратете ми ваш текст кој се однесува на жените во спортот и со задоволство ќе го објавам, испратете ми порака доколку познавате девојка или екипа од девојки на кои им е потребна промоција. Потребно ми е да споделувате и лајувате како на Фејсбук така и на Инстаграм, на тој начин и вашите пријатели ќе можат да ги прочитаат вашите текстови. И не заборавајте да коментирате, кажете ми што е тоа што сакате да го прочитате на Женски Спорт.

За крај. Женски Спорт нема да ги „штеди“ надлежните, одговорните и сите оние кои се инволвирани во спортот. Без пардон и непристрасно ќе известува за сите случувања во женскиот спорт. Ќе бараме одговори од сите инволвирани и женски ќе се бориме за тоа што ни следува. Ќе го отвораме патот за младите девојки и ќе помогнеме тие да бидат нашата идна гордост, затоа што жените можат и жените знаат како!

Ајде заедно да направиме промена!

Со почит,

Јелена Панчевска

Напишете коментар