Почетокот на годината секој од нас покрај за руска салата и кифлички, го користи и за промена на старите навики кои баш не ни се допаѓаат на нас самите. Токму поради тоа на самиот старт од 2019 година, ќе се поттикнеме и мотивираме да бидеме подобри и поуспешни во текот на годината. Да им подаваме рака на оние кои се скалило подолу од нас и заедно да постигнеме успешни резултати.
За таа цел со вас го споделувам прекрасниот TED говор на австралиската фризерка Tabatha Coffey која станала позната по учеството во реално шоу. Говор во кој јасно се потенцира дека истите карактеристики кој ги поседува еден маж и се доживуваат како позитивни, но кога се во прашање жените тие не се добри. Низ целиот нејзин говор таа истакнува колку е важно жените меѓусебно да си помагаат една на друга, наместо да си поставуваат препреки.