Првата програма на УЕФА-ФИФА за жени лидери во фудбалот е наменета да инспирира нова група на жени лидери. УЕФА-ФИФА за жени лидери во фудбалот (WFLP), одржа курс дизајниран да ги инспирира жените лидери од целиот свет. Курсот бил одржан во седиштето на УЕФА во Најон, Швајцарија.
Вкупно 30 учесници присуствувале во Швајцарија од далечни дестинации, како што се Нов Зеланд, Мексико и Северна Кореја. За првпат претставени меѓу европските здруженија биле Албанија, Белорусија и Лихтенштајн. WFLP заеднички ја спроведуваат УЕФА и ФИФА за прв пат, при што 140 жени учествувале во претходните изданија на конфедерациите, а како резултат многу дипломирани студенти се преселиле на високи позиции во фудбалот.
Тема на дискусија на оваа програма била, „Што е потребно за да бидете добар лидер и искуства на женските лидери во фудбалот“. Активностите вклучувале панел дискусија во која учествувала УЕФА, раководителката на женски фудбал, Надин Кеслер (Nadine Kessler), и фудбалскиот директор на ФИФА, Сарај Бареман (Sarai Bareman).

Модератор на настанот била Елеонора Таби Халер-Јорден (Eleanor Tabi Haller-Jorden), претседател и извршен директор на The Paradigm Forum, на оваа сесија дискусиите биле на тема фудбалско лидерство, лични лидерски стилови и што значи да се биде женски лидер во светот каде што доминираат мажи.
УЕФА и ФИФА се надеваат дека програмата ќе продолжи да ги подготвува жените да преземат лидерски и одлучувачки одлуки во фудбалот. WFLP исто така, вклучува едногодишен менторски систем, со учесниците со цел да започнат долгорочно подготвување за развој и учење од признаени личности во фудбалот.
Боргилдур Сигурддартотир (Borghildur Sigurdardóttir), член на фудбалската асоцијација на Исланд и шеф на финансискиот комитет и член на одборот, изјавил: “Сакам да видам дека жените играат поважна улога во водечките индустрии, во корпоративниот свет и во спортот. Клубот на Премиер Лигата, сакам да биде модел за други жени и девојки кои бараат менаџерска кариера во фудбалот”.
Мајка Фишер (Maika Fischer), менаџер на машкиот тим во Германија, изјавила: “Голема чест е да ве изберат за програмата. Секогаш е добро да ги споделите приказните и искуствата со другите жени. Сфаќате дека не сте единствената што се бори за одредена кауза. Всушност сосема олеснувачки е да знаете дека не сте сами – дека има и други заедно со вас и зад вас. “