Почнувајки од денес, во наредните 11 дена љубителите на мото спортовите ќе можат да уживаат во новото издание на Парис Дакар.
Во пресрет на четириесетото издание на Парис Дакар, Женски спорт ќе ги објавува резултатите на дамите кои ќе учествуваат на трката која од 2009 година се одржува во Јужна Америка. Оваа трка ќе се вози во Перу (Тоскана, Мокегуава, Сан Џулиан де Маркона, Арекуипа, Писко, Лима) и ќе има 10 станици.

Во категоријата мотоцикли ќе се натпреваруваат фаворитката Сара Гарсија од Шпанија и нејзината сонародничка Лиа Санз, Меријам Пол од Холандија, Анастасија Нифонтова од Русија, Габриела Новотнаја од Чешка, Гијана Валард Самари од Перу, Јулиен Тонеути од Франција

Суани Мартинез од Боливија е единствената дама која се натпреварува во категоријата четирицикл.
Во категорија автомобили се натпреваруваат Камелија Липароти од Италија и нејзиниот совозач Роза Ромеро Фонт од Шпанија и Кристина Гутиерез Хереро од Шпанија со нејзиниот совозач Пабло Морено Хуете.

Во категоријата SxS и камиони нема дами кои ќе се натпреваруваат.
Во продолжение можете да го погледнете видеото за Сара Гарсија во кое таа зборува за љубовта кон моторите и кон овој спорт, како и за жените кои се дел од Дакар натпреварувањето.