Ајла од БиХ е девојката која игра во ист тим со момчиња

18 годишната Ајла Скалиќ од Бихач, Босна и Херцеговина е девојката која игра фудбал во машки тим. На крајот од 2018 година од клубот Јединство и било соопштено дека нема да има никаков проблем доколку таа настапува со јуниорскиот машки тим на овој клуб.

Во интервјуто за Алџезеира Балкан таа изјави „ Малку ме нервира кога ќе кажат дека фудбалот е машки спорт, затоа што мислам дека тоа не е така, а доказ за тоа е жената која повеќе пати е прогласена за најдобра фудбалерка на светот Марта Силва. Фудбалот е сам по себе интересен за гледање, а особено за играње, секако за оној кој се разбира во тоа. Најпривлечна ми е борбата на теренот за својот тим, трудот и залагањето во тој правец. За фудбалот почнав да се интересирам уште од мала, кога играв на улица со децата. Тоа од ден во ден ме исполуваше и се повеќе ме интересираше и забавуваше.

Почнав секојдневно да ги пратам некој фудбалери како што се Меси, Роналдо, Кака и други, ме привлекуваа мајсториите кои ги изведуваа на теренот. Тоа едноставно ми се допаѓаше, па почнав секојдневно да тренирам и да се трудам да бидам што е можно подобра. По одредено време се приклучив на машкиот тим Омладински фудбалски клуб Бихач (ОФК Бихач). Бев единствената девојка во тој клуб, но тоа воопшто не ми претставуваше проблем да заиграм со моите машки колеги“

По настапите за ОФК Бихач, Ајла својата фудбалска кариера ја продолжува во женскиот клуб Железничар од Босанска Крупа, каде го покажува својот талент и остварува одлични резултати, а поканата за настап во младинска категорија за репрезентацијата на БиХ е најзначајниот.

Сепак во овој клуб не и ја пружиле потребната поддршка и поради тоа се враќа назад во родниот Бихач каде се обидува да направи женски клуб.

„По напуштањето на ЖФК Железничар, за кратко време добив покана да настапувам за женскиот М17 тим на Босна и Херцеговина. Да се бранат боите на својата земја е голема чест, но и одговорност. Го напуштив ЖФК Железничар затоа што клубот не знаеше како да се бори за личноста која беше клучна за нивниот успех и одлучив да направам исчекор и да формирам женски фудбалски клуб Јединскво во Бихач“.

Во однос на тоа како е да се игра со машки тим таа додава „ Да се игра со машките колеги и не е баш така едноставно. Поголем е интензитетот на тренинзи и натпревари, но сепак не е невозможно. Колегите во клубот ме прифатија како дел од нив и мислам дека тоа е многу убаво од нивна страна. Нормално сите заедно работиме и тренираме и сме како едно на теренот. Поголем дел од нив ги познавам од предходно од турнири и други спортски дружења. Драго ми е што ќе бидам дел од екипата на клубот од мојот град“.

Меѓу другото Ајла истакнува дека за неа најважно е образованието, а потоа е фудбалот „Имав многу понуди од првата лига на федерацијата на БиХ, Премиер лигата и Првата Хрватска лига, но ги одбив поради школувањето. Сепак училиштето е на првото место. По завршување на школувањето, се надевам ќе преминам во поголеми клубови, надвор од границите на БиХ, затоа што и моја цел е да играм за многу поголеми клубови, каде женскиот фудбал многу повеќе се цени“.

Напишете коментар