На 26. јануари започнува вториот дел од сезоната во Првата женска лига. По деветте одиграни натпревари Баделки се на првото место, без ниту еден пораз. Додека на второто место се Вардар кои имаат само еден пораз.
Во првото коло од вториот дел во сезоната 2018/19 девојките од Бадел ќе ги пречекаат Струга 2009, Пелистер ќе ги пречека Вардарки, Работнички ќе им гостува на Баскет Кам. Патриот 2016 ќе им гостува на дамите од Гостивар, а колото ќе го затворат Шкупи и Трокал. Во ова коло слободни ќе бидат девојките од Крива Паланка
