Немаш оправдување пријави се на женска трка

Женска трка за прв пат е организирана во 2013 година како една од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот маратон. Жената е столб на семејството, активен чинител во општеството и посветен работник на работното место, но дали си посветува доволно време на себе и своето здравје.

Општа констатација на сите жени натпреварувачки во оваа трка е дека – навиките мора да се менуваат и жената мора да си посвети повеќе време на себе и своето здравје, а тоа најдобро се прави со трчање и рекреација. Целта на женската трка е подигање на свеста на жените да започнат со физичка активност и грижа за сопственото здравје, како и привлекување на што поголем број жени да се вклучат во некоја од трките.

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје на 31 март 2019 ќе се одржи 7-та АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.

Во 2016 година трката добива натпреварувачки карактер и за прв пат се доделуваат награди. Низ изминатите години бројот на натпреварувачки се зголемува и оваа година се очекува да се пријават околу 2.000 натпреварувачки. Оваа трка е влезена и во календарот на Европската Атлетска Асоцијација.


ПРОПОЗИЦИИ ЗА АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА:
Дата на одржување: 31 март 2019 – недела
Место: – Бул. Илинден, Фонтана Лотус
Почеток на настанот: 09.30- Аеробик
Старт на трката: 10.00 – Трчање на 3.000 метри (1 круг на бул. Илинден)

Право на учество: Припаднички на женскиот пол без возрасно ограничување
Рок за пријавување: најдоцна до 28 март 2019
Линк за пријавување

ПАТЕКА НА ТРКАТА
Стартот и целта ќе бидат на бул.Илинденска пред Фонтана Лотус и ќе се трча еден круг од 3 км на бул. Илинденска.
Патеката ќе биде обезбедена и обележена и ќе има поставено волонтери, а на 1,5 км ќе има и контролна точка за чиповите.

Напишете коментар