Наоми Осака (21) од Jапонија го освои вториот Грен слем турнир во низа. Таа денеска на АО ја совлада противничката Петра Квитова со 2-1 во сетови (7-6/2, 5-7, 6-4)

На кого ќе му припадне првиот сет се одлучуваше преку тај-брејк. Во вториот сет Квитова беше подоминантна со 7-5. Но во третиот сет Осака започна со водство од два гема (3-1) што и помогна истиот да заврши во нејзина полза и да го освои пехарот, прв во оваа сезона.