Спотрскиот бренд Nike е една од компаниите која гласно зборува за потребата од родова еднаквост во спортот. Тие преку своите реклами ги поддржуваат сите спортистки, па така и во новата кампања „Ако мислат дека твоите соништа се луди, покажи им што можат да направат лудите соништа“ (If they think your dreams are crazy, show them what crazy dreams can do) ги мотивираат девојките да не се откажуваат од своите соништа само затоа што на некого му звучат лудо и невозможно.
Погледнете го видеото во продолжение и поддржете ги девојките со „луди“ соништа.