Жени лидерки- унапредување на родова еднаквост.

Денеска во ЕУ Инфо Центарот од страна на НВО ТАКТ се одржа едукативна работилница „Унапредување на родовоа еднаквост во спортот“ каде меѓу говорниците беа и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и советникот за спорт во Владата на Р. Македонија, Даниел Димевски.

Во своето обраќање директорот на АМС, Каевски го истакна значењето на ваквите настани, додавајќи „Ја поздравувам иницијативата за организирање вакви настани, со оглед дека женскиот спорт е во благо опаѓање, а ваквите активности ќе придонесат за негов раст и развој. АМС заедно со националните спортски федерации организира едукативни сесии каде дискутираме како жената дополнително да биде вметната во спортот, како да ги инспирираме младите девојчиња дополнително да се вклучат во спортот. АМС работи на мотивирање на клубовите и на тренерите се со цел да го задржиме нивносто внимание и да го намалиме бројот на девојки кои се откажуваат од спортот. Една од активностите ни е и вклученост на жената и во раководните структури, на високи позиции и функции во одредени институции, здруженија и клубови кадешто ќе имаат можност да помогнат во процесот на омасовување на женскиот спорт. И тоа е прашање на кое треба дополнително да разговараме, како да се вклучи жената на високи, раководни позиции во федерациите“.

По обраќањето на директорот на АМС, Силвија Митевска која е претседател на ТАКТ ја претстави програмата на овој проект.

„Само со институционална поддрша множеме да стигнеме до резултати и да придонесеме овие проекти да бидат реализирани. Целта на овој проект е да поттикнеме воведување на родово сензитивни политики во спортските организации и со самото тоа да се зголеми застапеноста и вклученоста на жените во процесите на донесуванње одлуки во спортските организации. Во однос на активностите ќе организираме обуки за представници на спортски организации со цел воведување на родово сензитивни политики, потоа креирање на работна група за родова еднаквост. Ќе креираме кампања на социалните медиуми каде ќе има вклученост и на мажите спортисти, затоа што веруваме дека одговорноста и поддршката треба да дојде исто така и од мажите, да не бидат само жените оние кои се борат и залагаат за еднаквост во спортот. Ќе го организираме повторно настанот „Вечен на жените во спортот“ каде ќе има една посебна награда за национала федерација која направила исчекор во постигнување на еднаквоста во спортот во нивните структури и со тоа да бидат пример на останатите федерации во Македонија“. Изјави Силвија.

Ведаш по нејзиното обраќање Даниел Димевски кој е советник во Владата на Р. Македонија ја презентираше новата стратегија за спорт со вклучена родова перспектива.

„Има две битни теми, едната е како да ги мотивираме младите девојчиња повеќе да се бават со спорт, нешто што е клучно и битно во целиот систем бидејќи за жал сведочиме дека бројот на девојчиња вклучени во спортот ни опаѓа, со исклучок на одбојката како спорт. Мораме да бидеме реални женскиот спорт не е комерцијален поготово зборам за клубскиот. Вие се борите за внимание, тешко дека ќе ви се појави најобична елементарна информација на јавен медиум, за настап на некој женски клуб. Вие ако немате присуство на медиум и најдобриот спортски резултат што ќе се случи, ако не биде информирана јавноста исто како и да не се случил. Затоа што секој од нас сака да се види некаде и да му се признае она што го постигнал. Исто така уште една битна работа е процентуално поголема застапеност на жените на раководните позиции, нешто на што работиме заедно со Агенцијата за млади и спорт.“ е дел од она што го кажа Димевски.

По обраќањето на говорниците имаше дискусија каде Каевски и Димевски имаа можност да се запознаат со реалните проблеми на жените тренери и менаџери кои имаат повеќе едукација, сертификати и признанија од своите мажи колеги но не можеле да добијат работно место во федерациите или други институции и организации токму поради тоа што се жени. Како и ставовите и мислењата на сите присутни за тоа што треба да се превземе за да се постигне родова еднаквост во спортот.

На крајот следуваше и кратка едукативна презентација на Магдалена Спасовска за вклученоста на жените во спортот и како истите да бидат добро испланирани, менаџирани и финансирани.

Напишете коментар