Во соработка помеѓу НВО ТАКТ од Македонија и Воман Вин (Woman Win) од Холандија, претставници од општините, федерациите, клубовите и медиумите беа дел од дводневна обука во Маврово. Преку игра за возрасни со ЛЕГО коцки учесниците можеа да ги искажат позитивните, но и негативните страни на нивните институции и организации. Размена на идеи, контакти и искуства во Македонија, како и искуства и практики од другите држави беа разменети на оваа обука каде предавањата ги водеше Ивон Хенри која веќе 9 години работи во Воман Вин.
Таа своето искуство несебично го споделуваше со учесниците и ги потикнуваше да изнаоѓаат решенија за проблемите кои учесниците ги посочуваа во однос на жените во спортот. На самиот крај на обуката таа со задоволство оговори на неколку прашања за Женски Спорт кој беше дел од оваа обука.

ЖС: Од каде љубовта кон спортот? Дали можеби нешто сте спортувале како помлада?
ИХ: Да. Кога имав 7 или 8 години почнав да играм фудбал со мојот постар брат со кого и доста тренирав. Фудбалот постојано беше присутен, играв во основно, средо училиште и на двата уневерзитети каде што учев. Едноставно таму каде што растев имав можност тоа да го правам и немав никакви пречки.
ЖС: Кога прв пат станавте свесни за родовата дискриминација? Дали тоа беше нешто што ве засегаше вас лично или можеби некој близок?
ИХ: Хмм навистина добро прашање. Би рекла дека додека студирав човекови права сфатив дека сите немаат еднакви права. Но вистински со овој проблем се соочив пред 9 години кога почнав да работам во Воман Вин. Бидејќи тогаш сте на терен и разговарате со девојките, гледате и самите со какви проблеми навистина се соочуваат. Ви кажуваат како биле принудени да се омажат многу млади, искусиле најразлично насилство во младоста или можеби не добиле прилика да одат во училижте затоа што имаат брат и тој има предност како машко и многу други проблеми преку кој сфаќате дека едноставно морате да направите нешто за сето тоа да се промени.
ЖС: Што е тоа што прво им го кажувате на младите девојки кога влегуваат во светот на спортот?
ИХ: Да останат истрајни. Бидејќи ќе сретнат луѓе кои постојано ќе им велат дека нема да успеат во спортот само затоа што се девојчиња. Или можеби дека не заслужувате да бидете дел од сликата на кошаркарскиот терен или искачувајќи се на планина, но всужност имате право, еднакво право како момчето од вашето соседство, или вашиот другар од одделението. Затоа продолжете да се трудите и да работите затоа што тоа е и ваше право, да бидете дел од спортот, едноставно нема ниту логика, ниту причина да бидете исклучени од оваа игра.
ЖС: Која е основната визија и мисија, цел на Воман Вон?
ИХ: Секоја жена на светот да има пристап до нејзините права. Буквално секоја. Има девет милиони девојки кои се во фаза на адолесценција, а ние сме дел од таа група. Светот нема да биде еднаков додека сиде девојки и жени не ги добијат истите права како мажите.
ЖС: Кој е проектот со кој најмногу се гордеете, кој го сметате за најголема победа?
ИХ: Мери! Имаме прекрасна организација партер од Најроби кои започнаа со проект за економска компаративност со млади девојки во нивните заедници кои се дел од програмата за фудбал и животни вештини. Тоа што девојките го побарале е поголема вклученост во секторот спорт. Но тој сектор во Кенија е како и во поголем дел од светот, во него доминираат мажите. Особено на позициите како тренери, судии и физиотерапевти. Па така нашата организација партер креираше проект каде младите девојки добиваа тренинзи од федерациите за различни позиции за работа. Како судии, официјални лица, физиотерапевти или прва помош. Една од девојките која ние ја викаме Мери е една од 16 девојки кои беа на обука за судија. Веднаш по обуката фудбалската федерација на Кенија и дозволи официјално да суди на неколку фудбалски нетпревари каде се натпреваруваа машки екипи во локалната лига. Сега Меди е нашата хероина која е инспирација за другите млади девојки во цела Кенија.
ЖС: Кој е вашиот впечаток за случувањата во спортот во Македонија? И дали мислите дека жените во Македонија ќе успеат да стигнат до раководните позиции во секторот спорт?
ИХ: Се надевам. Мислам дека беше убаво што имавме разнолика група на учесници, од различни области и сектори во спортот. Морам да признаам дека луѓето од ТАКТ завршиле одлична работа со изборот на луѓето кои беа дел од оваа група. Верувам дека има можност тука но ќе мора подеднакво да учествуваат сите сектори за да настане промена. Драго ми е што го слушнавме секој глас од оваа група и мислам дека заедно сите можете да направите многу голема промена. Но мора да се почне од ниска позиција и полека жените да почнат да се искачуваат на високите позиции.
ЖС: Што мислите кој е најголемиот проблем зошто се уште немаме доволно жени лидерки во Македонија?
ИХ: Мислам дека најголем проблем е начинот на кој се размислува, дека мажот е тој што треба да доминира како и заблудата дека жените не ги посакуваат тие позиции. Се уште нема официјални податоци за Македонија за тоа како размислува македонската жена, но верувам дека постојат други бариери кои ја спречуваат жената во Македонија да е дел од овие позиции, а не дека немаат интерес или не се гледаат себе си на тие позиции.