Денеска во прес центарот на СЦ „Борис Трајковски“ еден од кандидатите за претседателската функција на кошаркарсаката федерација на Македонија, Перо Антиќ, ја претстави својата програма.

Во програмата Антиќ не ја изостави и женската кошарка.
„ Сакаме и финансиски стимул во женската кошарка. Ќе бараме од секој сектор да се даде поголем епитет за развој на женската кошарка, затоа што знаеме на кој стадиум ни е сега, а со инвестиција во женската кошарка, ќе имаме поголем напредок уште од стартот.“
Во тимот на Перо Антиќ се вклучени и Тодор Гечевски како и Владимир Георгиевски.
Женски Спорт им посакува среќа во предизборниот период и се надеваме дека во својот тим ќе вкучат и жени кои ќе бидат на раководни, одлучувачки поциции.