Да го спасиме женскиот спорт од „мажиштата“

Не постои човек на планетава кој не е запознаен со тоа дека во полн ек се Олимписките игри кои оваа година се одржуваат во Париз, Франција. А најголема заслуга за тоа се чини имаат скандалите и пропустите кои секој ден се најмалку два до три, кои силно одекнуваат во јавноста и уште неколку за кои ниту еден медиум не известил па случајно дознаваме за истите благодарение на социјалните мрежи.

Отворањето на Олимписките игри помина како што помина, но очигледно домаќинот се засрамил од тоа што ни го прикажа, па од нивниот официјален канал на ју туб ја одстранил снимката од церемонијата. Бевме сведоци како домаќинот демострира прифаќање на различностите и промоција на еднаквоста кои изнудија лавина на реакции кај секој еден од нас, некој беа фасцинирани а некој згрозени. Но тука е кваката не само со оганизаторот на Олимпијадата, туку и со сите оние невладини здруженија и заедници ширум светот, па и кај нас кои се борат за прифаќање различното, а тие самите не прифаќаат дека некој има поинаков светоглед и не сме сите хомофобични ако не се согласуваме со нивното мислење и став на тема морал, етика и разум.  

Имено Интернационалниот Олимписки комитет (ИОК) донел дозвола на натпреварите во бокс во категорија до 57 кг и 60 кг двајца мажи да влезат во „женскиот ринг“ и да се натпреваруваат. За сето ова да биде уште по драматично Меѓународната боксерска федерација (ИБА) минатата година на Светското првенство во Њу Делхи на овие „мажишта“ не им дозволила настап во женска категорија. Одлуката ИБА ја донеле по направените тестови на кои се утврдило дека и двајцата имаат ХY хромозоми. Нејасно е како истите двајца натпреварувачи настапиле во женска категорија и на Олимпијадата во Токио, па на новинарско прашање директорот на секторот за новинарски прашања при ИОК Марк Адамс одговорил „Во нивните пасоши тие се жени, тие не се појавија вчера, се натпреваруваат извесно време“.

Па така додека Меѓународната боксерска федерација се раководи според анализата од крв, која патем не го мери нивото на тестостерон туку преку ДНК го утврдува полот. Во ИОК кој е далеку повисок и порелевантен орган во носење на одлуките за развојот на спортот се водат според тоа што ви пишува во пасошот односно кој е вашиот род според вашите лични убедувања. Па од тука станува јасно зошто така бомбастично и спектакуларно беше најавено дека оваа Олимпијада е првата Олимпијада каде имаме идентичен број на спортисти и спортистки кои се натпреваруваат, односно 50-50.

Келиф(Л) од Алжир и Лин Ју Тинг (Д) од Тајван

Боксот не единствениот спорт каде „мажиштата“ сакаат да се „пресметаат“ со жените за време на Олимпијадата. Ваков случај има и во женскиот фудбал каде на фудбалер од Замбија му е дозволено да се натпреварува во женска конкуренција. Но она што е доста интересно е што до сега не се појави ниту еден случај за време на Олимпијадата или некое друго спортско натпреварување во обратна ситуација, жена која се смета себе си за маж да земе учество во некоја спортска дисциплина.

Рејчел Кандананџи (Д) од Замбијаво борба за топка против Катарина Гори (Л) од Австралија

Сето ова во целост ја загрозува и онака тешката состојба на женскиот спорт (глобално), кој мака мачи за промоција и афирмација меѓу младите девојчиња. И за жал ќе резултира со сè повеќе девојчиња кои ќе се откажуваат од спорт само затоа што некој чичковци во Олимписките комитети, федерации и останати одлучувачки тела сметаат дека е многу поважно да не трпи менталното здравје на некое момче кое не може да постигне резултати во битките со другарите и треба да му се на располагање сите опции за да освои медал. А менталното, психичкото и физичкото здравје на девојчињата повторно се става во втор план или со други зборови е небитно.

Сепак 10 интернационални федерации имаат донесено одлука да им биде забрането на трансродовите лица да се натпреваруваат, а тоа се атлетската, велосипедската, пливачката, рагби, боксерската, крикет, триатлон, тенис, бадминтон федерација, додека пак од ФИФА во 2022 најавија дека ќе ја разгледаат повторно таа одлука, но сè уште се немаат изјаснето по ова прашање.

Затоа мораме да бидеме гласни и да не дозволиме нашите девојчиња да останат без спортот, а кога веќе сме на тема Олимпијада и да не ја зборавиме основната идеа на Кубертен за модерниот Олимпизам која гласи „Натпреварувањето на Олимписките игри треба да обезбеди можност достоинствено да се претстави својата нација и да се запознаат карактеристиките на другите“.

Напишете коментар