Што знае женско за спорт?

Вчера се одржа свеченото доделување на наградите за „Граѓански Новинар“ организирано од МЦМС и Топ Тема на Ваша Страна. На овој конкурс се испраќаа истражувачки стории и фотографии од граѓаните кои ги обработуваат темите како спорт, култура, туризам.

Голем дел од наградите беа доделени на тема спорт, а текстот кој го освои првото место го носи насловот „Што знае жеснко за спорт“ додека на второ место беше текстот „Атлетска федерација на Македонија со диктаторско раководство“. Двата текста се напишани од девојки кои се залагаат за еднаквост на жените во спортот.

Токму поради тоа Женски Спорт ќе ги објави и двата текста и ќе продолжи да третира теми кои зборуваат за условите и случувањата во женскиот спорт.

Во продолжение прочитајте го првонаградениот текст.

Што знае женско за спорт?

Некој паметен човек рекол „Каков е спортот во една држава, таква е и државата.“ Македонија со право може да се нарече земја на ракометот, бидејќи тој е најпопуларниот спорт и рака на срце за тоа сме најдобри кога е регионот во прашање. По ракомедот следуваат кошарката и фудбалот, потоа индивидуалните спортови, најмногу боречки вештини (бокс, кик бокс, карате, џудо) и одбојката која благодарение на успесите на машката сениорска репрезентација се уште некако живурка и од време на време се спомнува во вестите за спорт.

Успехот на ракометарите на Вардар во сезоната 2016/2017 беше повеќе од доволен да ги надера младите момчиња и девојчиња да започнат со тренинзи, со надеж дека тие ќе бидат новите Стојанче Стоилов или Андреа Лекич. На сето тоа се надоврзаа и успесите на машката сениорска ракометна репрезентација. Официјалната статиситка на страната на ЕХФ вели дека мажите се рангирани на осмото место, а жените од деветото се искачуваат на осмото место.

Но што се случува во светот на кошарката, како втор најпопуларен тимски спорт во Македонија, кој се игра во затворен простор? Според ФИБА мажите на ниво на европа се на дваесет и второ место, а жените? Тие воопшто ги нема. Причината за тоа е што оваа селекција не била пријавена за ниту едно натпреварување во период од три години и последна активост биле квалификациите за Европското првенство во 2015 година кои се одржале во 2013 година.

Секој кој барем малку се разбира од спорт (а во Македонија имаме најмалку два милиони стручњаци) знае дека за да имаме квалитетни национални екипи мора да имаме и квалитетни клубови во кои спортист(к)ите ќе можат да го покажат својот квалитет. Од тука двата милиони стручњаци би донеле заклучок дека нема квалитетни женски клубови, па затоа жените не се натпрварувале и крај на приказната, нема што повеќе да се објаснува. Всушност има. Има толку голема позадина и пријавувањето на едните и не пријавувањето на другите и погоре споменатите Стојанче Стоилов и Андреа Лекич. А објаснувањето е следното.

Без пардон,  непристрасно и одговорно тврдам дека проблемот е во нашиот македонски менталитет и стереотипите вгрдени во него. Ако ви е полесно можете да го наречете и балкански зошто ситуацијата не е ништо поразлична ниту кај нашите соседи. Сепак да се вратиме во Македонија. Прочитајте го насловот повторно и одговорете искрено. А искрено на нашата територија владеат стереотипите. Еве со кој стереотипи јас лично сум се соочила кога посетувам кошаркарски натпревари: „Оваа гарант дошла за некој кошаркар не дека ја интересира спорт“ „Шо доаѓаат жени на утакмициве само фаќаат место, не може чоек на раат да глеа“ а во случај гласно да прокоментирам за играта или пак недај Боже оправдам судиска одлука за која мнозинството се буни следува ладен поглед и коментар „Што знаете вие жените за спорт, ај иди дома чувај деца“

Ние повозрасните сме отрпнати на ваквите изјави, но каква порака испраќаат тие луѓе кај малите девојчиња кои дошле со своите татковци и ги слушаат нивните коментари. Колку од нив се татковци на млади девојки кои можат да бидат наша гордост, без оглед со кој спорт тие самите ќе одлучат да се занимаваат.

Ако внимателно го анализирате овој текст ќе забележите дека мажите се оние кои се споменуваат со постигнатите успеси, што во ракомет, кошарка или одбојка. Воедно ќе забележите дека како идол за младите девојки се споменува Андра Лекич, а причина за тоа е што немаме ниту едно звучно домашно женско име во ракометот, кое би можело да се посочи како пример за идол кај младите девојки кои сакаат да се заниваваат со ракомет.

Но има уште една причина зошто жените не се занимаваат со спорт во Македонија и зошто „увезуваме“ странски ракометарки или немавме пријавено сениорки кошаркарки на национално ниво. И покрај тоа што во женската кошаркарска репрезентација имаме 7 интернационалки и меѓу другото е главната причина што тие самите се одлучиле да заминат во странство, а тоа се малите плати. Кои се ефект на погоре споменатите стереотипи.

Во ред многумина ќе речат мажите во спортот носат повеќе публика, атракција и акција. Изјава скоро па идентична на светската тениска асоцијација кога тенисерките се пожалија дека не се еднакво платени како мажите, алудирајки на сумата која се издвојува за прво и второ место мажи, од оној за прво и второ место жени.

Колку за споредба најголемиот месечен надоместок кој го земал еден македонски кошаркар од македонски клуб е десет илјади евра, а кај жените таа бројка е петстотини евра. Ако овие суми ги помножиме со деветте месеци во кои се ангажирани од клубовите тоа би биле 4500 евра за кошаркарката која нема ни половина од месечната плата на кошаркарот.

 Кога сме на тема финансии не можам а да не го споменам турнирот 3Х3 кој се одржа на крајот од септември во Скопје за кој беа предвидени парични награди, а за прв пат се натпреваруваа и жени. Па така прво место мажи освоија 2000 евра, второ место 1000, а трето место 500 евра. За разлика од нив наградата за прво место жени беше 400 евра, останатите суми за второ и трето место не сакам да ги споменувам бидејќи се срамам да ја кажам бројката. Сте поканиле девојки ПРВ пат да се натпреваруваат, им давате награда помала и од трето место мажи. Да тоа е одлука на организаторот, а сето тоа е поддржано од Кошаркарската федерацијата и Агенција за млади и спорт. Две институции кој треба да застанат позади девојките кои земаат помала плата од продавачка, а за да го поминат месецот потребно е да работат и дополнителна работа.

Со самото тоа што работат дополнително, се намалува времето за тренинзи и за професионален напредок. Па така упорните се помируваат со сумата и остануваат во државата, малку похрабрите заминуваат да играат во странство и се враќаат кога треба да го облечат националниот дрес, а најголем дел од нив се откажуваат.

Оваа слика не е ништо попазлична ниту во ракометот кој е најпопуларен спорт во Македонија, а да не ги споменуваме женската одбојка и фудбал.

Автор:

Јелена Панчевска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s