Вечерва Македонската кошаркарска федерација ги додели наградите за најдобрите во кошарката. Добитниците беа познати уште пред дпделувањето.
Па така во категоријата најдобра млада кошаркатка наградата ја освои Илина Селцова. Која за Женски спорт откри дека е многу среќна што федерацијата и оддала признание. Вети дека ке работи понапорно во периодот кој следува за да го оправда ова признание. Во однос на играњето надвор одмакедонија истакна дека најмногу има проблем со јазикот, но во однос на кошарката нема никаков проблем. Таа исто така во иднина планира да игра во Евролигата и да напредува во својата кариера преку Европската кошарка. Илина Селцова е поранешна кошаркарка на Бадел 1862.

Клубот кој ја освои наградата за најдобар сениорски тим. Директорот на клубот Бадел1862, Љупчо Павловски кој ја прими оваа награда во своето обраќање го истакна тоа дека овој клуб е место каде се создаваат млади и талентирани кошаркарки и дури 15 од нив го напуштиле клубот со цел да заминат во странство.

Најдобра млада екипа беше Струга 2009 а најдобар тренер за младински лиги е прогласена Анета Глигорова. Додека тренер на женска сениорска екипа е Срѓан Дамјановски.

Од федерацијата беа доделени и благодарници за соработниците на МКФ, а меѓу нив беше и факултетот за физичка култура која ја подигна Ленче Алексовска Величковска и во своето обраќање истакна дека е многу среќна што Кошаркарската федерација повторно на сцена ја враќа и женската кошарка.
Наградата за најдобра кошаркарка ја освои Анџелика Митрашиновиќ која поради професионалниот ангажман во Будучност